сабота, 27 јули 2024

Министерот Тошковски: Скандал, Владата незаконски поништи мои одлуки

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски смета дека е скандалозна и спротивна на законските одредби вчерашната одлука на Владата со која се поништени пет наредби кои тој ги донел. Тој и образложи зошто одлуката на владата е незаконска.

Објавено на

часот

Сподели

„Една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село каде се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето на лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето на лични документи на граѓаните на оваа Општина.

Останатите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на министерството на највисоко ниво кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување на мирен и демократски изборен процес“, напиша министерот на Фејсбук споделувајќи го својот став со јавноста.

Владата на вчерашната 10. седница, како второстепен орган, прогласила за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис.

Службата за односи со јавноста на Владата соопшти дека актите се прогласени за ништовни по укажување на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи Тошковски, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ