Од судот информираа дека меѓу предметите кои се од интерес на јавноста, се и делови од Законот за облигациони односи и Законот за извршување, иницијативи поднесени од Министерството за правда со оспорени рокови за објавување на актите, Законот за работните односи.
Во денешното соопштение Судот ги објави сите останати предмети по кои се постапува, меѓу кои и два предмета во кои се оспорени законските измени на Кривичниот законик, предмет во кој е оспорена Oдлуката за определување и промена на имиња на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје, донесен од страна на Советот на Град Скопје, законски измени на Законот за урбанистичко планирање…
Некои од предметите, како што информираат од Уставен суд, се веќе ставени и на седница за дискусија и одлучување.