недела, 22 декември 2024

За десетина дена ќе се знае кои општини ќе добијат пари за инфраструктурни проекти, најави Перински

Вкупно 80 општини аплицирале на јавниот повик на Владата за добивање пари за реализација на инфраструктурни проекти во општините, а поднесени се 358 предлог проекти, кои во наредниот период ќе бидат предмет на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.

„Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница“, рече министерот за локална самоуправа.

Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.

„Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот“, изјави министерот Перински.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ