При контролата, како што соопшти МВР, констатирани се 50 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.
„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови“, велат од МВР и апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.