сабота, 19 октомври 2024

За 24 часа избувнале 29 пожари, два сѐ уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера апелираше да не се палат стрништа, а ресурсите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) да се користат разумно. 

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на ЦУК, гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба.

До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште два. Тие се во Општина Македонски Брод, кај село Белица каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума и во Општина Чашка кај село Горно Јаболчиште каде што гори стара сеча и стари букови дрвја.

Од вчерашните 29 пожари по четири се регистрирани во општините Прилеп и Гостивар, а по еден во општините Студеничани, Сарај, Аеродром, Зелениково, Карпош, Бутел, Арачиново, Долнени, Василево, Ново Село, Босилово, Валандово, Македонски Брод, Охрид, Велес, Куманово, Старо Нагоричане, Пехчево и Пробиштип.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера апелираше да не се палат стрништа, а ресурсите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) да се користат разумно. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ