петок, 18 октомври 2024

За 24 часа, четворица тешко повредени во четири засебни сообраќајки

Четворица патници се тешко повредени во последните 24 часа во четири засебни сообраќајни несреќи што се случиле во Охрид, кавадарци, Гостивар и Тетово. Меѓу повредените има и една малолетничка.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера наутро во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Волковија, во тетовското село Брвеница, патничко возило бмв со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ф. од село Челопек, удрило во пешакот К.Ј.од Брвеница. Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Попладнето пак, во 16 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат Гостивар – село Лешница – село Долно Јеловце, Ф.М. од село Здуње, гостиварско, управувајќи мотоцикл јамаха со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.  Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар“, се наведува во билтенот на МВР.

Вчера во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 14 часот на улица 4 Мај во Кавадарци, мопед априлија со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Кавадарци, удрил во паркирано патничко возило волво со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Р.Б. од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Исто така вчера во 17 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булевар Туристичка во Охрид, патничко возило мерцедес со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н. удрило во велосипед управуван од А.Г.Ц., двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.Ц., констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ