„Затоа од надвор тргнаа во напад на Србија, поддржани од многумина од внатре кои со години се обидуваат да ја освојат власта, малку на избори, малку без избори, но не им оди бидејќи народот не сака“, кажа Вучиќ.
Тој истакна дека „државата Србија се однесува толерантно, трпеливо, им нуди разговори на сите“ и дека и денес нуди разговори и дијалог.
„Онаа секунда кога некој ќе помисли дека со насилство ќе ја зграби власта државата ќе се однесува како држава и како секаде во светот“, кажа Вучиќ.
Им порача на граѓаните да бидат мирни бидејќи „државата Србија не е „шака зоб која секој ќе ја изеде“, и дека ќе го зачуваат мирот, стабилноста и дека Србија ќе оди напред и ќе расте.