четврток, 19 декември 2024

Вучиќ: Студентите нека протестираат колку сакаат, но кој ви дозволува да манипулирате туѓи деца на улица?

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на протестите на студентите на кои има и сè повеќе средношколци. Тој оцени дека студентите можат колку сакаат да протестираат, но истакна дека средношколците како малолетници го немаат тоа право, и дека се политички изманипулирани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Студентските протести станаа помасовни по нападите од провокатори и насилници на студентите на белградскиот Факултет за драмски уметности, кои на мирни протести им оддаваа почит на 15-те жртви на падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Учествувајќи на специјална седница на владата на Србија, Вучиќ истакна дека сите барања на студентите се исполнети, но студентите продолжуваат да протестираат бидејќи не е јасно кој сè е одговорен за новосадската трагедија. Вучиќ кажа и дека за него е „несфатливо тоа што целата српска влада молчи на изнесувањето деца од училиштата низ Србија“, вовлекувајќи ги во политиката.

„Кои сте вие да водите чие било дете на улица? Имате политички комесари по училиштата кои ги изнесуваат децата. Студентите можат да прават што сакаат, полнолетни се, на своја одговорност го прават тоа“, кажа Вучиќ, замерувајќи им на министрите што го толерираат злоупотребувањето на прописите и вовлекувањето на политиката меѓу малолетниците.

„Тоа родителот има право да го прави со своето дете, но наставниците немаат право“, кажа српскиот претседател.

На студентите им порача дека имаа полна слобода и дека нема да им праќа полиција на факултетите и да ја нарушува автономијата на универзитетите. „Нека протестираат колку што сакаат“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ