„Уште еднаш ги повикувам сите актери на политичката сцена на Србија да не применуваат насилство во својата борба. Прифаќам дека сум јас виновен за тоа што тие фрлаа шок и димни бомби во Народното собрание на Република Србија, но ги молам повеќе да не го прават тоа, како и да не размислуваат за понатамошни напади на институциите на државата, како што ноќеска ги напаѓаа РТС и РТВ.
И да ги израдувам сите политички неистомисленици, на состанокот со Доналд Трамп Помладиот ќе разговарам за понатамошниот економски напредок на Србија, како и на работата на сè подобрите односи со САД. Сигурен сум дека и тие на тоа ќе се израдуваат“, порача Вучиќ.
Студентската блокада на зградата на РТС во Белград долго трае. Блокадата почна ненадејно синоќа околу 23 часот. Акцијата беше најавена на социјалните мрежи непосредно пред почетокот, а студентите кажаа дека ќе трае 22 часа.