вторник, 5 ноември 2024

Вучиќ предложи референдум за негово отповикување

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва ѝ предложи на опозицијата, доколку тоа го сака, во српското собрание да побара референдум за негово разрешување како претседател на Република Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ оцени дека на протестите по несреќата на железничката станица во Нови Сад „всушност се бара неговата глава на тие протести“.

Во уривањето на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица, а три се сè уште во тешка состојба.

„Нема да ја урнете владата на Србија. Јас ви нудам решение и голема победа за да не зборувате колкаво мнозинство е потребно, еве дајте ни ги своите 70-80 гласа (во српското собрание) па од народот ќе бараме советодавно мислење за референдум за смена на Александар Вучиќ“, кажа српскиот претседател.

„Ако со тоа (на референдумот) се сложат 50 отсто од луѓето, нема да бидам претседател ни ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и дека ќе се одржат нови претседателски избори“, додаде тој.

Вучиќ кажа дека „нема да биде претседател ако ја нема поддршката на народот“. „Ако народот каже дека е за разрешување, не треба процедура, истиот ден ќе дадам оставка и не сум претседател“, кажа тој.

Вучиќ наведе дека по тоа ќе има нови претседателски и парламентарни избори.

„Така ги решавате своите проблеми. Можеме уште во јануари, март или мај, бирајте кога сакате, не го малтретирајте овој народ“, заклучи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ