„Нема докази дека Србија е поврзана, па дури ни нагаѓања. Најважно е истрагата да продолжи. Ќе причекаме, но оваа тема нема да ја испуштаме“, кажа Вучиќ.
Тој истакна дека е најважно да се утврди кој стои зад тоа, а најмалку е важно кој е извршителот.
„Спремни сме на целосна соработка во спроведувањето истрага со сите меѓународни институции, во согласност со Бриселскиот договор на одреден начин и со приштинските институции“, кажа српскиот претседател.
Според него, ако тоа го извршил некој од српска националност, а на територија кој е под ефективна контрола на Србија, ќе биде казнет истата секунда, но, истакна дека такви сознанија нема.
По повод изјавата дека експлозијата на каналот личи на руските напади на украинската инфраструктура, Вучиќ истакна дека Курти ги потценува сите кои имаат бар малку свест, памет и мозок.