недела, 22 декември 2024

Вучиќ најави воведување задолжителен воен рок: Ќе ги одвратиме оние кои ни се закануваат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека како врховен командант потпишал договор за служење на редовен воен рок во трање од 75 дена и додаде дека верува оти владата ќе ја усвои одлуката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да верувам дека владата на Србија ќе ја усвои одлуката. Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна војска, уште колку ќе треба да купиме оружје, да направиме, да создадеме. Не е наша желба да нападнеме никого, но наша желба е да ги одвратиме сите оние кои секој ден френетично ни се закануваат“, рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Вучиќ неодамна изјави дека државата размислува да воведе воен рок во траење од 60+15 дена (60 дена обука и 15 дена вежби), кој би бил задолжителен за мажите, а доброволен за жените.

Владата на премиерот Милош Вучевиќ допрва треба да ја одобри одлуката, што се смета за формалност.

Воениот врв на Србија на почетокот на годината повика на воведување воен рок во траење до четири месеци. Вучиќ на почетокот на месецот изјави дека треба да размисли за времетраењето на воениот рок, кој не треба да биде предолг за одлуката да не влијае на иселувањето на младите од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ