сабота, 5 октомври 2024

Вучиќ најави разговори со македонските власти за брз воз од Србија до Грција

Претседателот на Србија Александар Вичиќ денеска на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш изјави дека ќе се разговара и со македонските власти за поврзување на Србија и Грција со брз воз. „Кога ќе ја комплетираме пругата до Прешево, ни останува само да разговараме со Северна Македонија. После тоа до Атина и до Солун ќе одиме со неверојатни брзини“, рече Вучиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска изјави дека во ЕУ ќе бидат водени разговори за да се заврши пругата од Белград до Прешево и најави дека кога би се имало брза пруга до Ниш, полесно би се патувало до Грција и до Турција.

„Ќе се патува со железница од Белград до Ниш за само 1 час и 40 минути, а од Будимпешта до Ниш за 4,5 часа“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти, и нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Северна Македонија.

Вучиќ кој присуствуваше на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш, која е дел од проектот за модернизација и реконструкција на пругата Ниш – Димитровград, на трасата на железничкиот Коридор 10, кажа дека ЕУ донираше 80 милиони евра за изградба на пругата Ниш-Димитровград и 35 милиони евра за обиколницата околу Ниш во должина од 22,5 километри.

Тој рече дека за него и за Владата на Србија, пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ