четврток, 20 февруари 2025

Вучиќ го прими највисокиот орден на унгарската држава (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека е многу горд што го добил највисокиот орден на унгарската држава порачувајќи дека тој орден им припаѓа на народот и државата Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Откако претседателот на Унгарија Тамаш Шулјок во Будимпешта му го додели Големиот крст на Орденот за заслуги со ѓердан и златна ѕвезда, Вучиќ кажа дека тоа зборува за српско-унгарските односи кои се најдобри во историјата. Истакна дека многу труд е вложено во односите на двете земји и дека верува дека таа политика ќе се води и во иднина.

Тој истакна дека доделениот орден е уште еден камен на прекрасниот пат на соработката на Србија и Унгарија.

„Направивме многу на помирувањето на Србите и Унгарците, никогаш не е доволно, но јас сум сигурен дека отпорноста која ќе ни биде потребна во иднина ќе биде поголема отколку што ние очекуваме. Отпорноста нашите односи да се засновани на реалните интереси, но и на искреното пријателство меѓу нашите народи“, истакна Вучиќ.

Додаде дека секогаш кога на Србија или нему лично им било тешко, наоѓале пријателска рака во Будимпешта.

„Истовремено пружавме рака на пријателство и без оглед на тоа што сме помали, не сме дел од Европската Унија, послаби сме, се чини дека во тој однос верноста и лојалноста на пријателството на секој начин ги докажавме. Овој орден го прифаќам како огромна чест, но и во име на сите граѓани на Србија кои денес знаат да ја ценат Унгарија и да го сакаат унгарскиот народ и да сметаат на заедничка иднина“, истакна српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ