Тој на телевизија Информер праша кој ним им дал право да блокираат некого, наведувајќи дека и во Србија станало популарно никој да не смее ништо да каже за тоа.
„Тие оваа операција ја смислувале веќе 12 дена, се сложиле дека Бојана Младеновиќ е виновна, сите тие податоци ние ги имавме. Срам да ви е што лажете, ја линчувавте таа жена ни крива ни должна. До вчера глумеа дека не се за насилство, тие со самата блокада спроведоа насилство, да на зборувам за нападот на полицајците“, кажа српскиот претседател.
Изјави дека му е срам да гледа РТС „бидејќи колку повеќе некој ги малтретира, тие се сè попослушни и попонизни“, наведувајќи и дека на јавниот медиумски сервис луѓето повеќе не му веруваат.
Зборувајќи за повредениот жандарм Вучиќ наведе дека тој му кажал дека добил многу удари бидејќи бил таму од почетокот.
„Тие него го мапирале. Тој бил во цивил. Ја чекал својата единица и како вистински заменик командир, а тој раководел со операцијата за влегување во објектот. Го виделе пред останатите. Велат дека уште тогаш почнале провокациите“, кажа Вучиќ.
Додаде дека кажал дека почнале да ги напаѓаат како што минувале и дека потоа го удриле со боксерка.
„Дали добил еден или два удари од своите колеги но секако добил три или четири удари од студентите и собраните. Јас пренесов сè што слушнав од него, ништо не додадав“, наведе Вучиќ.