сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ положи заклетва, најави нова влада до крајот на јули

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе мора да се занимаваме со нови санкции и чуда, во кои повторно можеме да бидеме оштетени, па ќе ги молиме нашите европски партнери да ни помогнат“, кажа Вучиќ во српското собрание по положувањето на заклетвата за новиот претседателски мандат.

Тој кажа дека владата на Србија треба да биде формирана до крајот на јули, и најави дека ќе почне со консултациите штом биде формиран новиот состав на парламентот.

Изрази надеж дека во владата ќе бидат вклучени што е можно повеќе припадници на малцинствата.

Вучиќ, како и за првиот мандат пред пет години, заклетвата ја даде на уставот на Србија и на Мирославовото евангелие, најстариот сочуван кириличен ракопис.

Прекинуван со чести и долги аплаузи, Вучиќ кажа дека мирот и стабилноста, како и слободата во одлучувањето и работата, се приоритетите на неговиот втор мандат.

Истакна дека очекува помош од владата бидејќи доаѓаат тешки времиња, особено поради војната во Украина, а како што кажа, „решавањето на прашањето на Косово и Метохија ќе биде сè потешко“.

Им се обрати на западните сили кои, според него, се лицемерни и „колку повеќе негираат дека Косово има сличност со случувањата во Украина, тој повеќе гледа дека тоа прашање ги боли“.

Српскиот претседател неколку пати повтори дека итното формирање на владата е неопходно не само поради енергенсите и финансиската стабилност, туку и за образованието и здравството.

„Мора да се работи на поголема слобода на медиумите и на владеење на правото“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ