петок, 18 октомври 2024

Вучиќ: Под патронат на САД Косово прави силни, нелегални оружени сили

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека Косово формира исклучително силни оружени сили и дека со тоа раководи Америка, спротивно на меѓународното право и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, истакнувајќи дека поради тоа Србија мора драстично да ја зајакне својата војска.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„До 2027 планираат да имаат 5.500 војници во таканаречените Косовски безбедносни сили и 20.000 во резерва“, кажа Вучиќ, при посетата на Дежурниот оперативен центар на Военобезбедносната агенција (ВБА).

Тој кажа дека тоа не е дозволено според меѓународното право и одлуката на Обединетите нации, но дека тоа нив не ги интересира „затоа што им се може“. Прецизираше дека најголема воена помош Косово добива од САД, Турција, Германија, Британија, но и од Хрватска.

Според него, ситуацијата не е лесна бидејќи Србија е опкружена од НАТО, чии сили се разместени и во Босна и Херцеговина која не е нивна членка.

„Мораме да имаме силна војска бидејќи без тоа не можеме да постоиме како држава“, истакна Вучиќ.

Тој изјави дека со понатамошното вооружување на таканаречените косовски безбедносни сили, се урива меѓународниот правен поредок, а дека целта е, спротивно на Резолуцијата 1244, не само целосно од територијата да се избрише трагата на постоењето на Србија, туку и од него да се избрка целиот преостанат српски народ.

Вучиќ оцени дека изјавите на косовските функционери зборуваат дека нивната единствена цел е да се уништи српскиот народ, бидејќи се знае кој има право на долги цевки на Косово, а дека таму сообраќајците ќе носат долги цевки со цел да ги преплашат Србите за што побрзо да го напуштат Косово.

Претседателот на Србија кажа дека до 2027 година Косово ќе има 350 борбени возила и ќе биде целосно опремено со хеликоптери, ракети, хаубици, летала и дронови.

Тој истакна што сè Косово купило од Турција, Германија и Хрватска, а што според сознанијата на разузнавачките служби уште планира да купи, пред сè од Турција.

Вучиќ на новинарите им прочита изводи од резолуцијата 1244 истакнувајќи што сè од неа е прекршено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ