сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ: Ќе бараме од ЕУ на Србите од Косово и Метохија да им се овозможи целосна слобода на движење

Објавено на

часот

Сподели

Претставувајќи ги заклучоците од состанокот, Вучиќ кажа дека српската влада ќе бара од ЕУ и другите меѓународни фактори на Србите од Косово и Метохија, кои, како што кажа користат легални и легитимни таблички, да им се овозможи целосна слобода на движењето.

„Не бараме ништо повеќе освен Приштина да постапи во согласност со договорите од дијалогот и со сите други релевантни меѓународни документи. Ако го отфрлат компромисното решение, српската страна ќе возврати со посилни политички мерки во заштитата на уставниот поредок. Нема да им биде пријатно кога ќе видат како тоа функционира ако продолжат да ги малтретираат Србите“, кажа Вучиќ во Рашка.

На состанокот е усвоено и барање за „безусловно и итно“ формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), што според Вучиќ е апсолутен предуслов за сите понатамошни чекори во дијалогот со Приштина и предуслов за враќање на Србите во косовските институции.

„И тоа ЗСО да биде формирана исклучиво во согласност со четирите договори од дијалогот кои до сега се постигнати“, кажа претседателот на Србија.

Едно од барањата се однесува и на повлекување на специјалните единици на косовската полиција од северот на Косово.

„Тие сили се противправно на северот на Косово, сите претставници на меѓународната заедница се запознаени со тоа. Од денес, верувам безуспешно, но на секое место ќе бараме повлекување на тие единици“, кажа Вучиќ.

Додаде дека државата Србија не учествувала во донесувањето на одлуката на Србите од Косово и Метохија да ги бојкотираат претстојните локални избори на северот на покраината, но и дека и покрај тоа, нема да одат против Српска листа ниту „ќе го остават на цедило својот народ“.

На состанокот е усвоен и заклучок за дополнителна финансиска поддршка на Србите од Косово и Метохија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ