вторник, 4 февруари 2025

Втор јавен повик на Владата до општините за користење на 15 милијарди денари

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа со којшто ќе се изрази интерес на единиците на локална самоуправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните, најави денеска на пред-конференција премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства од оние 15 милијарди денари, кои Владата ги става на располагање на општините. Како што објасни премиерот, тоа не подразбира дека сите овие средства ќе бидат потрошени во тековната фискална година. Можно е некои проекти да влезат и во тригодишни буџети, и во 2025-та, и во 2026-та, и во 2027-ма година. Но, вкупниот волумен на средства со коишто ќе се финансираат проектите од вториот повик е до 15 милијарди денари.

„За таа цел, се задолжуваат Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт, Министерството за култура и туризам, да ги утврдат критериумите со коишто ќе се финансираат овие проекти преку капитални дотации. Владата воедно го задолжи, или ќе го задолжи откако ќе заврши дебатата, Министерството за локална самоуправа, (практично, откако сето ова ќе биде искристализирано, издефинирано), да го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на единиците на локална самоуправа за финансирање на овие проекти. коишто се дел од овој втор повик“, појасни Мицкоски.

Според премиерот, ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти, како што се училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните.

„Ќе повторам, се работи за историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа, општините преку кои директно се влијае на подобар живот и повисок стандард.

Ова е втор јавен повик, а на минатиот повик 78 општини добија 288 проекти со вкупна вредност од 4,5 милијарди денари, или повеќе од 73 милиони евра. И дополнително преку Министерството за транспорт, од прилика околу 800 милиони денари, коишто се средства што со посебна програма беа доделени за финансирање на проекти во општините.

Вака директно се помага на граѓаните и општините. И ова се мерки коишто се однесуваат само за граѓаните. Само вака, со работа и посветеност го исполнуваме ветеното и Македонија станува повторно ваша – на народот“, порача премиерот Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ