петок, 18 октомври 2024

Врховниот судија Георгиев е осомничен за ново кривично дело, обвинителството отвори уште еден предмет

Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело. Во мај годинава на судијата Георгиев му беше определен притвор откако Судскиот совет му го одзеде имунитетот. ОЈО ГОКК води истрага и го сомничи за примање награда за против законито влијание (поткуп).

Објавено на

часот

Сподели

Како резултат на тоа, информираат од ОЈО ГОКК, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој доставил барање до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од вработен во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата.

„Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено“, информираат од ОЈО ГОКК.

Во мај годинава на судијата Георгиев му беше определен притвор откако Судскиот совет му го одзеде имунитетот. ОЈО ГОКК води истрага и го сомничи за примање награда за против законито влијание (поткуп).

„По изјавата на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и со оглед на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител, судијата на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за притвор се уважува. На осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и може да го доврши или повтори кривичното дело“, соопшти тогаш Основниот кривичен суд Скопје.

Пред две недели Георгиев на јавна седница од Апелациониот суд Скопје побара укинување на притворот.

На рочиштето тој целосно ја негираше вината за која е осомничен трдејќи дека бил наместен од синот на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.

Вчера пак, по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а со наредба од судија на претходна постапка полицијата влезе во Академијата за судии и јавни обвинители од каде одзеде досиеја на кандидати за судии, јавни обвинители но и телефони на вработени во Академијата кои се поврзуваат со новите сомнежи за сторено ново кривично дело од страна на судијата Георгиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ