вторник, 22 октомври 2024

Врховен суд утре ќе одлучува по жалбата на таткото на Вања Ѓорчевска

Во Врховниот суд  утре со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска.

Објавено на

часот

Сподели

Во кривичниот предмет познат во јавноста како – Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, пред Врховниот суд оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година, со почеток во 12 часот во судницата на 1-ви кат“, стои во соопштението од Врховен.

Жалбата до Врховен суд следува по одлуката на Апелација која го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Според Апелација, жалбата е неоснована.

Малолетната Вања Ѓорчевска која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела – грабнување и убиство на свиреп начин првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

По предлог на надлежен обвинител Судот денеска беше укинат на Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството.

На Димовски му се определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ