среда, 5 февруари 2025

Вредни материјали за Државниот архив од Македонското друштво „Илинден”- Тирана

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”- Тирана, Никола Ѓурѓај, подари примероци од весникот „Илинден“ и други материјали на Државниот архив.

Објавено на

часот

Сподели

„Два месеца од потпишувањето на меморандум за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и нашето друштво, започнавме конкретни активности за негова примена. Во тие рамки подаривме примероци од сите 65 изданија на весникот „Илинден“, од монографијата со  народни носии на Македонците од Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, како и други вредни материјали“, изјави Ѓурѓај за МИА.

Тоа, додава тој, е во насока на создавање на архивски фонд на Македонско друштво „Илинден“.

„Државниот архив се грижи за зачувување на историјата на македонското малцинство во Република Албанија. Фондот ќе опфаќа документи кои се однесуваат на историјата на македонското национално малцинство во оваа земја и ќе се чува во Државниот архив“, рекол на средбата  д-р Бранислав Светозаревиќ претседател на Комисијата за откуп и подарување на архивски материјал.

Светозаревиќ, кој ги примил материјалите му подарил на друштвото примерок од последното издание на архивот, „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј Селишчев (историја на една мистификација)“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ