среда, 23 октомври 2024

Вреди се пофали дека нивните заменици министри се луѓе без црна дамка кои ќе донесат промени

Коалицијата Вреди во пресрет на денешната собраниска седница на која ќе се избираат заменици министри во Владата, соопшти дека нејзините кандидати се луѓе со докажан интегритет и посветеност кон јавното добро, и дека тие немаат никаква црна дамка. Коалицијата тврди дека тоа се луѓе кои ќе донесат позитивни и видливи резултати.

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите кандидати за заменик министри во Владата на надеж и антикорупција ги поминаа сите филтри и сега се во Собрание пред пратениците за изгласување. Овие истакнати кандидати ги претставуваат највисоките вредности на достоинство, професионализам и надеж за Албанците од Северна Македонија. Со докажано резиме на интегритет и посветеност кон јавното добро, и без никаква дамка на корупција, нашите кандидати се подготвени да донесат опипливи и позитивни промени“, наведуваат од Вреди во пресрет наденешната собраниска седница на која ќе се гласа за заменици министри.

Во време кога криминалот, корупцијата, коцкањето и девијантното однесување го загрозуваа нашето општество, веруваме, се додава понатму, дека овие избрани поединци се клучот за вистинска трансформација.

„Владата на надеж и антикорупција е решена да гради посветла иднина за сите граѓани, промовирајќи ја правдата и еднаквоста. Посветени сме на искоренување на криминалот и корупцијата еднаш засекогаш и враќање на довербата во нашите институции. ВЛЕН е надежта на Албанците од Северна Македонија!“, пишува во соопштението на коалицијата.

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно ќе се комплетира владиниот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ