„Ќе поденсеме жалба до Апелацискиот суд, партијата продолжува да функционира и 80 отсто од членството, и повеќе од 80 отсто од членството се во Алијанса на Албанците. Меѓутоа, често велам ирелевантно е кој како ќе се нарече и што партиите, секогаш и сите институции се на луѓето, на членовите на општеството, а не на индивидуи. Јас сум моментално, утре ќе биде некој друг, вчера беше Зијадин и така натаму… Важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“, вели Таравари.
Тој во врска со можното спојување на партиите од коалицјата Вреди вели дека до локалните избори сигурно нема да има спојување.
„За спојување по локалните изори веќе сме размислувале и сме зборувале, можеби и може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија. Кон крајот на март ќе излеземе и со предлози кои би биле нашите кандидати во одредени општини за идни градоначалници. Во урбаните општини, јас се надевам дека ќе имаме единствени кандидати, секако. Во руралните општини, можеби, може да одат, ако има тројца добри кандидати, за советничките листи, размислуваме и анализираме…“, рече Таравари.