среда, 23 октомври 2024

Вреди: Кујтим Ибиши ќе биде новиот директор на Дирекцијата за финансиско разузнавање

Борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна. Објавуваме дека за прв пат во историјата на нашата земја, клучна институција за борба против корупцијата, Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе биде водена од албански кадар, Кујтим Ибиши, со чиста биографија и без никаква корупциска дамка, ќе ја води оваа важна институција за борба против ракот на нашето општество – корупцијата, перењето пари и други криминални активности. Неговата посветеност и ангажираност се гаранција за праведно и ефикасно управување со оваа институција, се вели во денешното соопштение на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Коалицијата Вреди ја презеде оваа одговорност со решителност и посветеност за да ја води оваа клучна институција. Преку Дирекцијата за финансиско разузнавање, ќе работиме интензивно за да го реализираме еден од нашите програмски столбови: борбата против криминалот и корупцијата. Со оваа Дирекција, го заокружуваме синџирот на сите институции и механизми за борба против криминалот и корупцијата. Коалицијата Вреди останува посветена на донесување позитивни промени и осигурување дека сите наши активности се во согласност со принципите на правдата и транспарентноста. Веруваме дека со соодветна ангажираност и посветеност, ќе успееме да се бориме и да ја поразиме корупцијата во нашата земја“, се вели во соопштението на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ