Деталите за кадровските поделби преговарачкиот тим ќе ги соопшти на заедничка конференција за медиумите, најави Ганиу.
Според него, коалицијата Вреди ќе има шест министри – министер за европски прашања (СЕП станува министерство), за екологија (кој ќе биде и прв вицепремиер), за здравство, економија и труд, социјална политика, демографија и млади. Вреди ќе предложи и 7 заменици – министри во министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за образование, за транспорт, етнички заедници, земјоделство и за надворешни работи. Оваа коалиција ќе има и државни секретари во ресорите со кои раководи Вреди и околу 400 директори и раководители на институции.