„Ние како нова влада, потпишавме колективен договор со синдикатите на лекарите и здравствените работници, кои ќе имаат линеарно зголемување на платите. Само во месец ноември лани платата на медицинските сестри се зголемила за 18 отсто заедно со техничките работници. Тие сега добиваат 2.500 денари повеќе.
Фармацевтите, физиотерапевтите и лекарите од итната помош ќе имаат плати еднакви на оние на општите лекари и стоматолозите. Платите во здравството се очекува да пораснат за пет до осум отсто во текот на месец мај.
Со зголемените плати за лекарите и здравствените работници, ги мотивираме уште еднаш да се посветат на енергична услуга и добри резултати на нашите граѓани.
Имајќи ги предвид предизвиците за работа во итната медицинска помош, каде што интересот на лекарите е помал, стимулацијата за нив се обезбедува преку повисок коефициент за сложеност на услугите. Исто така, зголемување на коефициентите се предвидува и за здравствените работници на Клиниката за онкологија и радиотерапија, поради специфичноста и тежината на нивната работа.
Се залагаме за подобрување на мизерната состојба во здравството во државата, бидејќи само така мислиме дека сме на услуга на граѓаните и им остануваме блиску.
Веруваме и работиме на тоа дека здрав живот е возможен само преку квалитетни здравствени услуги“, соопшти коалицијата Вреди.