недела, 15 декември 2024

Вреди бара од ДУТ, Груби да не биде ангажиран како професор на универзитетот

Сенката на Али Ахмети, Артан Груби, сега објавен од американскиот Стејт департмент како личност вмешана во корупција за спас на Сашо Мијалков, нема место меѓу студентите. Студентите се сегашноста и иднината на оваа земја. Тие имаат право да се образуваат и да се формираат како личности кои се пример за чесност, професионалност и интегритет. Наследникот на Али Ахмети, Артан Груби не може да биде водилка за младите во оваа земја, пишува меѓу другото во денешното партиско соопштение на коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Од Вреди тврдат дека поранешниот вицепремиер Артан Груби побарал да биде професор на Државниот универзитет Тетово (ДУТ), па оттука, како што велат од коалицијата, ДУТ треба да се сети на својата генеза како „универзитет изграден со жртвата на овој народ да не му дозволи на слуга на Сашо Мијалков да предава“.

„Последниот лик на црната листа, Артан Груби, не може да биде амнестиран со статус на фејсбук каде вели дека се повлекува од јавниот живот. Јавно го прашуваме Груби, дали ќе се повлече од универзитетот во Тетово затоа што е лош пример за студентите?. Младите, кои се иднината на општеството, не можат да земат пример од корумпиран кој се вмешал и во судски постапки. Универзитетот во Тетово треба да го оддалечи Артан Груби и да ги заштити студентите од оваа личност на црната листа. Корумпиран, кој ја злоупотребил функцијата јавен службеник, станал слуга на Мијалков“, се наведува во ракцијата на Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ