„Камионот на Комунална Хигиена, под ингеренции на Градот, помина низ Центар, ги искина сијаличките и продолжи како ништо да не се случило. Ова ли е одговорно однесување кон празничната атмосфера?”, реагира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Во прилог на своите тврдења, Герасимовски објави видео на кое граѓани коментираат дека камионот на Комунална хигиена ги скинал сајлите на кои се прикачени украсните сијалички.