Исто така, утрово околу 1:30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Од МВР за МИА потврдиле дека е известен јавен обвинител.
Инаку, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.
На протестот се појавила директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и побарала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но нагласи дека мора да се почитуваат зкаоните.
Директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.
Вработените во „Комунална хигиена“ веќе неколку дена протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.
Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева вчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.
Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да нјадат соодветно решение за собирање на сметот.
Голем број граѓани се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.