петок, 18 октомври 2024

Вработените во Филхармонија со жолти ленти на концертите во знак на протест

Објавено на

часот

Сподели

Пред почетокот на концертот, пред публиката се обрати Ана Кондратенко, концерт мајстор во оркестарот, а истата порака на англиски јазик ја прочита и диригентот Џорџ Џексон од Англија.

„Нашата борба да си го зачуваме просторот за работа нема да запре се додека не се промени одлуката за просторно сместување на уште една институција во објектот кој наменски е изграден за да ги задоволи потребите на вработените во Македонската филхармонија. Гордо сме исправени пред предизвикот, ќе истраеме во нашата борба!  Тоа и го должиме на публиката, на нашите колеги кои никогаш немаа можност да отсвират ниту еден тон во новата сала, но и на сегашните и идните генерации кои ќе бидат дел од овој оркестар кој следната година прославува 80 години од формирањето!

Музиката е единствена вистина за Нас, таа е наша животна определба, а оваа сала е наш ‘втор дом’“, гласеше пораката испратени до сите присутни на синоќешниот концерт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ