Управниот одбор на ФЗО на минатонеделната седница не расправаше за усогласување на платите со растот на минималната плата и најави дека за ова ќе одлучува по завршување на изборите.
Денес, претседателот на синдикатот во ФЗО упати јасна порака. „Нашите барања се едноставни – усогласување согласно минималната плата, а тоа е 2.392 денари по лице и нов бод од 1 јуни“, изјави Бранко Аџигогов, претседател на синдикатот на ФЗО.
Вработените и синдикатот поставија рок – до 15 мај да се решат проблемите.
Генерален штрајк и целосна блокада на институцијата е најавена за 1 јуни.