Истиот ден, во 07:20 часот, лицето Б.Л. (22) од село Бистрица, битолско, се самопријавило во СВР Битола како возач на патничкото возило фолксваген голф со германски национални ознаки, кое било вклучено во несреќата.
Со Б.Л. бил извршен службен разговор од страна на полициските службеници, а за случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.