четврток, 6 март 2025

Возачка од Велес удрила во 16-годишник и побегнала

На 5 март во СВР Велес извршен е службен разговор со 43-годишната В.В. од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, во 06.55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ