„Патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп“, велат од МВР.
Од здобиените повреди жената починала на лице место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле екипа од полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.