Инцидентот се случил околу 22 часот на подрачјето на Општина Чаир во Скопје.
„Полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., за да извршат легитимирање на лицата во возилото. Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што тие испукале два куршуми. Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото“, наведува МВР во денешниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.