петок, 18 октомври 2024
Нашите Начевски и Николов повторно талични за „панцерите“

Волф со неверојатна партија ја сопре Шпанија и ја однесе Германија во финале

Ракометарите на Германија се првиот финалист на Олимписките игри, попладнево „панцерите“ ја совладаа Шпанија со 25-24, голманот Волф имаше неверојатна партија со дури 21 одбрана.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометната репрезентација на Германија ќе води битка за златниот медал во Париз, со нов триумф над Шпанија, обезбедија финале.

Најзаслужен за победата е голманот Волф, кој имаше неверојатна партија со дури 21 одбрана.

„Панцерите“ речиси целиот меч беа во предност, Шпанија дури во 52. минута прв пат поведе со 22-23, а потоа уште еднаш со 23-24.

„Црвената-фурија“ не успеа да се одлепи поради тоа што Волф сврза пет одбрани во низа, и на негови крилја, Германија повторно се врати во позитива од 25-24, резултат кој гласеше и по последниот свиреж.

Честа да ја делат правдата имаа токму нашите Начевски и Николов, кои одново својата задача ја завршија без грешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ