На снимката насловена „Не дозволувајте тука да остариме“ се гледаат тројца мажи како седат на столчиња, а еден ги повикува израелските власти да направат што е потребно за да бидат пуштени на слобода, пренесуваат агенциите.
Израелските медиуми ги објавија нивните имиња и дека се грабнати од кибуцот Нир Оз.
Нема, меѓутоа, информации како е снимено тоа, како што наведуваат, „пропагандно видео“.
BREAKING: ISRAELI HOSTAGES VIDEO RELEASED BY HAMAS
They said to Netanyahu;
“Don’t Let Us Grow Old Here” pic.twitter.com/qOruFY5faH
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) December 18, 2023
Во меѓувреме портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби изјави дека не е неизбежен договор за пауза во конфликтот на израелската војска и Хамас и ослободување на заложниците.
Тој, меѓутоа, додаде дека Соединетите Американски Држави секојдневно работата на тоа и потсети дека шефот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) се сретна денес во Варшава со премиерот на Катар и шефот на Мосад во нов обид да се ослободат заложници.
Се верува дека уште 129 заложници се заробени во Газа од околу 240 грабнати на првиот ден на војната.
Во текот на еднонеделното примирје во ноември беа ослободени 105 заложници, а пет во октомври.