Ѓоргеску, водечкиот кандидат на претстојните претседателски избори, е познат по своите радикални ставови, но сега повторно предизвикува реакции со изјавата дека Украина би можела да биде поделена меѓу Русија, Романија и другите соседи.
Тоа ќе се случи сто отсто. Па тие немаат друг начин. Патот до тоа е неизбежен. Украина е фиктивна држава. Тоа е Украинската Советска Социјалистичка Република“, кажа Ѓоргеску. Тој истакна и дека, доколку победи на изборите, ќе го забрани транзитот на украинското жито низ Романија и ќе прекине секаква воена помош за Киев.
“Ukraine is a fictional state, its territory will be divided among neighbors,” — pro-Russian far-right Romanian politician Călin Georgescu spews nonsense. He claims borders will change, eyeing Northern Bukovina, Budjak & Transcarpathia, while saying Lviv will go to Poland. pic.twitter.com/d5M1mxDLV5
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) January 30, 2025
Зборувајќи за можна промена на границите, тој ги спомна регионите Северна Буковина, Буџака и Северен Марамуреш како територии кои би можеле да ѝ бидат „вратени“ на Романија. Овие области се наоѓаат во западна и јужна Украина.
Киев сè уште официјално не се огласил околу овие изјави, а аналитичарите оценуваат дека ваквите коментари можат дополнително да ги заострат односите меѓу двете земји.
Ѓоргеску е најпопуларниот кандидат пред повторните претседателски избори во мај. Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите на првиот круг на изборите на кои тој убедливо водеше.