Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.04.2023 до 20.04.2023 зема 120 примероци за физичко-хемиска и 120 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.