сабота, 22 февруари 2025

Водач на банда убиен во судница во Шри Ланка од напаѓач преправен во адвокат (ВИДЕО)

Озлогласен водач на банда почина откако беше застрелан во судница во Шри Ланка од напаѓач преправен во адвокат, потврди полицијата.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според полициски извори, напаѓачот користел револвер кој во шуплива книга го прошверцувала жена осомничена дека помагала во извршувањето на злосторството, која сè уште е во бегство.

Водачот на бандата Санјева Кумар Самаратна, познат и како Ганемула Санџива, бил изведен на судско рочиште кога бил застрелан. Полицијата соопшти дека бил осомничен за повеќекратни убиства.

Санџива бил во притвор од неговото апсење во септември 2023 година.

Полицијата извести дека во средата до судницата го придружувале дванаесет полицајци. Откако бил застрелан, итно бил пренесен во болница, но по пристигнувањето била констатирана смрт.

Напаѓачот успеал да побегне, но подоцна бил уапсен од полицијата. Властите и локалните медиуми го идентификуваат поинаку, а полицијата тврди дека користел неколку имиња.

Полицијата ја идентификуваше осомничената жена како 25-годишната Пинпура Деваџ Исхара Севанди.

Властите упатија повик за парична награда за информации за неа. Полицијата уапсила и полицаец и возач на комбе за кои веруваат дека им помогнале на напаѓачите да го организираат пукањето.

Инцидентот го отвори и прашањето за безбедноста во судницата, поради што властите во моментов ги разгледуваат безбедносните мерки. По пукањето се спроведуваат нови безбедносни протоколи, вклучително и распоредување на вооружени чувари кога одредени лица ќе бидат изведени пред суд. На вооружените чувари вообичаено не им е дозволен пристап до судот, рече во четвртокот министерката за правда Харшана Нанајакара.

Според полициските податоци објавени од АФП, најмалку девет лица се убиени оваа година во серија престрелки поврзани со ривалски банди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ