Како што дознава МКД.мк рано утрово во подрумските простории на оваа зграда гореше пластична стока донесена во четири бродски контејнери. Подрумите на оваа зграда веќе подолго време биле користени како магацин на голема компанија од Пластичарската улица во Скопје.
И сето ова со години се случува со знаење на станарите и веројатно на општинските инспекциски служби.
Пожарникарите сè уште се на лице место обидувајќи се да го прекинат горењето на пластиката. Повеќе од сигурно е дека црниот чад и вечерва ќе изглегува од подрумите на оваа зграда.
За среќа, во овој многу тежок пожар, освен полесно повредени лица, немаше жртви.
А.Д.