Царинска управа, вели, применува сеопфатен пристап за откривање и справување со заканите. На меѓународно и регионално ниво под иницијативата за сузбивање на криминалот, се зајакнати партнерствата со соседните земји и пошироко во регионот, а со Министерството за финансии потпишан е нов Меморандум и Протокол за соработка со Министерството за внатрешни работи и со Бирото за јавна безбедност, со коишто се поставени основите за уште пожестока заедничка борба со криминалот.
На граничните премини и терминали поставен е систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, а ставена е во функција и новата верзија на системот за обработка на транзитни декларации – НКТС фаза 5, којашто е целосно усогласена со царинското законодавство на ЕУ.
Царинската управа во моментов со поддршка на националниот Буџет, и финансиски средства обезбедени преку Светска банка, Република Кореја, како и грант средства од ЕУ работи на проекти со вкупна вредност од 24,4 милиони евра.
Целта како што рече директорот Николовски е овозможување фер, конкурентна трговија, преку обезбедување поголема безбедност, просперитет и економска сигурност.