среда, 23 октомври 2024

Во владината коалиција имаме различни размислувања, но и капацитет за компромиси, тврди Меџити

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека тоа што го кажал министерот за јавна администрација Горан Минчев во однос на балансерот, не е онака како што вели законот. Такви иницијативи, вели Меџити, не треба да бидат приоритет и ќе предизвикаат одговори.

Се додека граѓаните во државата, без разлика од која етничка припадност се, сакаат да се занимаваат со наука, истражување, не треба да се плашиме. Одиме кон прогрес, одиме кон еволуција, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во Парк – шумата Гази Баба, каде почна кампањата на Министерството за животна средина и просторно планирање „Делувај сега, за природата“. За најавата на коалицијата Вреди дека ќе формира Албанска академија за наука и уметност, Меџити смета дека тоа е за поздравување.

Објавено на

часот

Сподели

Според Меџити, владината коалиција е стабилна, а фокус треба да бидат економскиот развој, зголемувањето на животниот стандард, борбата против корупцијата, ЕУ интеграцијата и решавањето на конкретните проблеми.

„Од 90-тите години досега немало постабилна коалиција, 78 пратеници со тенденција да преминат 80 и да има две третини не се случило никогаш во државата. Во владината коалицијата сме заедно, но не сме исти, не сме едно. Различни сме, имаме во некои случаи различни размислувања, но имаме капацитет да разговараме, преговараме, да најдеме компромисни решенија и да одиме напред. Во однос на балансерот, тоа што го кажа министерот Минчев мислам дека не е во рамки на законот. Во законот точно се наведува дека правичната застапеност треба да биде според процентуалната застапеност на населението, не вели на резидентно или нерезидентно. Оваа Влада е посветена на економски развој, животен стандард, на решавање конкретни проблеми и не се приоритет такви прашања, тие се непотребни и нормално, такви иницијативи ќе предизвикаат одговори од наша страна, а не сме ние тие што иницираме такво нешто. Ние сме посветени на столбовите на Владата, економскиот развој, борбата против корупцијата, ЕУ интеграцијата, тоа се нашите столбови, платформа од која не сакаме да излеземе. Мислам дека и нашите колеги ќе сфатат дека треба да бидат во функција на оваа платформа, а не на секојдневната политика“, истакна Меџити.

За најавата на коалицијата Вреди дека ќе формира Албанска академија за наука и уметност, Меџити смета дека тоа е за поздравување.

Се додека граѓаните во државата, без разлика од која етничка припадност се, сакаат да се занимаваат со наука, истражување, не треба да се плашиме. Одиме кон прогрес, одиме кон еволуција. И Албанците до вчера имаа проблем со основно, со средно образование, со универзитетите. Сега тоа што го бараат да бидат вклучени и во научните истржувања и во академскиот дел, тоа е за поздравување и мислам дека тоа ќе наиде поддршка и од поголемата заедница, од Македонците“, изјави Меџити.

За финансискиот дел на оваа Академија, Меџити рече дека во првата фаза поддршка ќе има од општините, а понатаму ќе разговараат, ќе преговараат и додаде оти ќе се најде решение.

Прашан зошто оваа академија не биде дел од МАНУ, Меџити изјави дека можеби и тоа ќе биде решение.

„Но, и МАНУ треба да ги отвори варатите. Ќе прашам зошто во МАНУ нема вработено ниту еден Албанец. Дали втората заедница нема луѓе за МАНУ, не сакаат да се занимаваат. Ова е предизвик, го отвораме ова прашање и заедно треба да најдеме решение. Се додека граѓаните на оваа земја, без разлика на која етничка припадност припаѓаат, бараат школување, бараат да бидат вклучени во акдемскиот дел, во научните истражувања, треба да бидеме среќни и оти тоа е придонес, инвестиција за иднината на оваа држава“, изјави Меџити.

Во врска со ова денеска со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ