среда, 12 март 2025

Во Украина повеќе од 100.000 луѓе останаа без греење по руски напад

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска повеќе од 100.000 луѓе останале без греење во пристанишниот град Миколаев откако руски беспилотни летала ја нападнале енергетската инфраструктура.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тие кои сакаат да го вратат мирот и се подготвуваат за преговори не го прават ова“, рече Зеленски, прецизирајќи дека екипи на терен работат на обновување на греењето во Миколаев.

Зеленски ги повика сојузниците на Киев да реагираат силно и да работат заедно за да ја принудат Русија да склучи мир.

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека руски беспилотни летала ја оштетиле термоцентралата Миколаев во текот на ноќта.

„Ова е направено намерно, за да се остават луѓето без греење на температури под нулата и да се предизвика хуманитарна катастрофа“, рече тој.

Гувернерот на регионот Виталиј Ким изјави дека нападот предизвикал пожар, кој пожарникарите брзо го ставиле под контрола.

Според него, во нападот е повреден 64-годишен маж кој е хоспитализиран, оштетени се пет станбени згради.

Русија редовно ја бомбардира украинската енергетска инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја, гас и греење. Москва тоа го негира, наведувајќи дека цели само на структури кои ја снабдуваат украинската армија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ