сабота, 19 октомври 2024

Во торнадо во Америка најмалку 6 загинати и над 30 повредени (ВИДЕО)

Во силното невреме што го зафати централниот дел на Тенеси загинаа шест лица, а најмалку 30 повредени се во локалните болници. Невремето оштети и куќи и автомобили.

Објавено на

часот

Сподели

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа откако торнадо го зафати округот Монтгомери северно од Нешвил во близина на границата со Кентаки, соопштија локалните власти, додавајќи дека 23 лица се повредени.

Оперативниот центар за вонредни состојби во Нешвил објави три смртни случаи и во нивната област. Таму се урнала и црква, при што биле повредени 13 лица. Сите се стабилно, пишува Еј-би-си њуз.

Канцеларијата на шерифот на округот Монтгомери соопшти дека „сѐ уште се во фаза на потрага и спасување по оваа катастрофа“.

„Тешко нѐ погодени торнадото овде во Кларксвил и округот Монтгомери“, рече градоначалникот на округот Монтгомери, Вес Голден.

Фотографиите објавени од пожарникарската служба во Кларксвил на социјалните мрежи покажуваат оштетени домови со делови од куќи расфрлани по тревниците, приколка со трактор превртена на страна на автопатот и изолација откорната од ѕидовите на зградите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ