Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А. (40) во сeло Селце, Тетовско, во дом, други простории и продавница кај М.Д. (43) од Селце, како и на импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М. (35) и М.А. (54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од село Буковиќ, Скопско. При претресите се пронајдени 75.889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.
Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.