„Се известуваат и се повикуваат сите граѓани, правни лица, претставници на невладини организации, здруженија на граѓани и граѓански активисти што ги претставуваат различните групи на граѓани на подрачјето на општина Тетово, со цел да се обезбеди инклузивност и вклучување на јавноста, да учествуваат со предлози за преименување на улици во општина Тетово, кои веќе имаат определено име и именување на новите улици“, се вели во повикот на Општина Тетово.
Граѓаните своите предлози можат да ги поднесат преку пополнување прашалник по електронски пат, или со преземање документ во ПДФ-формат, кој може да се пополни рачно, а потоа да се достави преку пошта или лично во архивата на општината
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами неодамна објави дека во градот има 216 улици што сега имаат број или немаат ниту број, ниту име. Намерата е да се сменат и некои актуелни имиња на улици, за што, како што вели Касами, треба да одлучи формираната комисија.
Сојузот на борци обвини дека со овој проект општина Тетово сака да направи ревизија на историјата.