недела, 23 февруари 2025

Во Тетово, 5000 корисници се без струја, поради дефект на трафостаница

Голем дел од Тетово од изутрината во 9 часот е без електрична енергија поради дефект на трафостаница. Според компанијата Електродистрибуција, околу 5000 корисници немаат снабдување со електрична енергија, а се работи на терен за отстранување на дефектот.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 9 часот настана голем дефект на 110 килобатната трафостаница „Тетово 1” и како последица, без снабдување со електрична енергија остана голем дел од градското подрачје. За 10 минути беше вратено снабдувањето за поголемиот дел од корисниците, а моментално без напон се околу 5000 корисници“, информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.

Дефект на трафостаница во септември 2024 година остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ