понеделник, 21 октомври 2024

Во тешка сообраќајка загина возач до Велес

Објавено на

часот

Сподели

На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап возило со скопски регистерски таблички.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека повикани се во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница.

Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ